Комбинацијата од јагоди и ориз дава совршено летно освежување
Доколку сте љубител на јагоди, веруваме дека ќе ви биде задоволство да го направите овој десерт.
СОСТОЈКИ:
јагоди (околу 20)
ориз (1 чаша)
шеќер (250 гр.)
вода
екстракт од ванила
Постапка:
Покријте ги јагодите и оризот со вода и варете ги околу 20 минути. Префрлете го во блендер, додадете уште една шолја вода и изблендирајте. Поделете на два дела, а потоа додајте шеќер на половината оставена во блендерот и повторно изблендирајте. Процедете ја во сад прво едната половина, а потоа другата половина, додадете ванила и измешајте со жица за матење.
Префрлете во бокал и оставете да се излади. Послужете во чаши, со мраз.
View this post on Instagram