среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

ШТАНГЛИ СО КАРАМЕЛА И КИКИРИКИ! Викенд уживање кое брзо ќе исчезне од вашата трпеза (ВИДЕО)

ШТАНГЛИ СО КАРАМЕЛА И КИКИРИКИ! Викенд уживање кое брзо ќе исчезне од вашата трпеза (ВИДЕО)

Викендот е пред нас, а доколку сакате да се засладите со кафето или чајот, можете да направите карамел барови.

Состојки:

170 гр шеќер

100 мл вода

200 мл слатка павлака

200 гр кикирики

100 гр сечкани ореви

80 гр путер

1 ванилин шеќер

100 гр чоколадо

Подготовка:

Во тавче ставете го шеќерот, додадете ја водата, ванилиниот шеќер, оставете да се карамелизира. Додадете ја слатката павлака и брзо измешајте. Додадете го путерот, а на крај кикириките и сечканите ореви.

Оставете да се згусне, па истурете во тесна тава и покријте со проѕирна фолија.

Оставете да се излади, па покријте со растопено чоколадо. Оставете добро да се излади во фрижидер, по можност преку ноќ.