среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Штрудла со јаболка: Најлесниот рецепт за колач кој мириса на нашето детство

Штрудла со јаболка: Најлесниот рецепт за колач кој мириса на нашето детство

Еден од најпопуларните десерти, кој можете да го најдете во различни верзии од север до југ на Европа, е штрудлата со јаболка. Ова е рецепт за вкусна виенска штрудла од јаболка, која може да се послужи и со сладолед од ванила.

Состојки:

пакување кори за пита (лиснатото тесто можете да го направите и сами)
1 кг кисели јаболки
10 дкг шеќер
5 дкг путер
цимет
малку рум или млеко за да се натопи сувото грозје
суво грозје
сладолед од ванила

Подготовка:

Намачкајте ги корите со растопен путер и врз нив ставете ги јаболката кои претходно сте ги излупиле и исечкале на коцки од 1 сантиметар.
Посипете ги со шеќер, цимет и суво грозје кое претходно сте го натопиле во рум или млеко. Расукајте го тестото и ставете ја штрудлата во подмачкана тава. Со чепкалка малку прободете го врвот за да не се распука.
Се пече во загреана рерна на 180 степени околу половина час до 40 минути, додека тестото не добие златна кора. Оставете малку да се излади, исечете ја на кришки, посипете со шеќер во прав и послужете со сладолед од ванила.

ПЛУС СОВЕТ: Доколку не сакате цимет и суво грозје, слободно исфрлете ги од подготовката. По желба додадете уште еден зачин што ви се допаѓа или збогатете ја штрудлата со малку сечкани ореви, бадеми или други јаткасти плодови.