Компирите и сирењето се 2 незаменливи состојки во сечија кујна, од кои може да приготвите многу вкусни јадења. Но, што кога ќе ги комбинирате заедно? Оваа необична комбинација нема да ве остави рамнодушни.
Потребни состојки
- 800 гр компири
- 400 гр кашкавал
- 200 мл кисела павлака
- 30 гр путер
- 2 парчиња моцарела или обично сирење
- Сол и мелен црн пипер по ваш вкус
Начин на подготовка
Излупете и сварете ги компирите. Додадете сол по ваш вкус за време на варењето.
Добро истолчете ги сварените компири, откако ќе ги прецедите. Следно, поставете ги истите на мал оган, притоа додадете ги павлаката и путерот. Добро измешајте ги сите состојки заедно, додека путерот целосно да се растопи, а потоа додадете мелен црн пипер.
Изрендајте го кашкавалот, со цел побрзо да се растопи. Постепено додадете ја и моцарелата кон компирите, без да го прекинувате мешањето.
Сервирањето на ова чудесно пире може да го направите со месо или риба, а може да додадете и пржени печурки.
Пријатен апетит!