петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

СИТЕ ЗНААТ ДЕКА ЈАБОЛКОВИОТ Е ЗДРАВ, НО ОВОЈ ОЦЕТ Е ЕЛИКСИР ЗА ВАРЕЊЕТО: Една лажица во чаша вода за подобро работење на цревата!

СИТЕ ЗНААТ ДЕКА ЈАБОЛКОВИОТ Е ЗДРАВ, НО ОВОЈ ОЦЕТ Е ЕЛИКСИР ЗА ВАРЕЊЕТО: Една лажица во чаша вода за подобро работење на цревата!

Многупати сме слушнале за позитивните ефекти на јаболковиот оцет врз здравјето, но малкумина знаат за јапонскиот оцет умебоши, кој е и зачин и природен лек. Овој оцет сè почесто може да се најде на полиците во кујните ширум светот, како поради неговиот вкус, така и поради неговите здравствени придобивки.

Умебоши оцетот се подготвува со посебен процес на киселење умебоши, јапонски сливи и е исклучително алкална храна која според верувањата самураите ја користеле во медицински цели. Умебоши е вид јапонска слива која по карактеристики е повеќе слична на кајсијата. Оцетот се добива со мешање на јапонските сливи со листови од шисо (јапонска коприва) и нивно комбинирање со морска сол. Овие состојки поминуваат низ едногодишен процес на млечна ферментација, поради што и вие ќе можете да уживате во придобивките од ферментираната храна доколку ја консумирате оваа храна.

Како оцетот умебоши влијае на телото:

– Антимикробни својства – Се користи при дијареа и го намалува ризикот од инфекции и бактерии.
– Го контролира нивото на крвниот притисок – Мали дози оцет користат луѓе со висок крвен притисок, бидејќи содржи помалку натриум од сол.
– Корисно за варење – умебоши е одличен за забрзување на метаболизмот и борбата против утринските мачнини и дигестивните проблеми.
– Помага при нарушена работа на желудникот и го поттикнува варењето на храната и развојот на здрава цревна флора (корисни микроорганизми) – ги неутрализира штетните микроорганизми.
– Помага при мамурлак – промовира детоксикација –
го чисти телото од токсини, особено црниот дроб и го штити организмот од слободните радикали
– Ја зголемува енергијата и делува против замор

Како да користите умебоши оцет:

Служи како зачин за салати и супи, сосови, додатоци, а се користи и при подготовка на кисели краставички. Во случај на користење за варење може да се користи како пијалок, со тоа што една кафена лажичка оцет ќе се истури во чаша вода, се меша и се пие.

Забелешка: Консултирајте се со вашиот лекар пред да користите оцет за медицински цели!