Нутриционистите за какаото велат дека е суперхрана, а во тоа дефинитивно ќе ве уверат и овие податоци.
Еве неколку интересни факти за какаото и за тоа зошто треба секојдневно да го консумирате.
1. Најголем извор на железо
Кога станува збор за растителни намирници, какаото е најголем извор на железо, содржи 7,3 милиграми во 100 грама. За споредба, говедското и јагнешкото месо содржат 2,5 милиграми, а спанаќот 3,6 милиграми.
Тоа што треба да го знаете е да внесувате доволно витамин Ц покрај какаото, на пример направете овошно смути и додадете какао во прав, како зачин.
2. Содржи повеќе калциум од кравјото млеко
Чистото какао содржи повеќе калциум од кравјото млеко, околу 160 милиграми на 100 грама, во однос на 125 милиграми на 100 милилитри млеко.
3. Содржи магнезиум
Какаото исто така е еден од најголемите извори на магнезиум, а тој е важен за здравјето на срцето. Помага глукозата да се претвори во енергија, овозможувајќи му на мозокот нормално да функционира.
4. Го подобрува расположението
Какаото е добар извор на серотонин, триптофан, тирозин и фенилетиламин, невротрансмитери кои придонесуваат да се чувствувате подобро и среќно. Ги ублажува симптомите на депресија.
5. Какаото е 40 пати посилен антиоксиданс од боровниците
Природното какао има 40 пати посилни антиоксиданси од боровницата. Какаото има ORAC индекс од 98.000 на 100 грама во однос на боровниците кои имаат 2.400. Овој индекс ја мери способноста на антиоксидансите да ги апсорбираат слободните радикали кои доаѓаат од загадувањето и токсините од опкружувањето.