вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

„Скротувач на стомакот“: Напиток за пролетно чистење на телото

„Скротувач на стомакот“: Напиток за пролетно чистење на телото

Сонцето е љубезно кон нас, часовниците се поместени напред, деновите се подолги, па дури и кратките прошетки во природа ни ги полнат батериите. Дополнително, убавото и топло време ја зголемува и желбата за јадење овошје, зеленчук и постудена храна, кои се идеален избор кога сакаме освежување.

Посебно одличен избор се смути, кои освен што се освежувачки, помагаат и за слабеење, добри се за кожата, ги намалуваат проблемите со надуеноста, ги снабдуваат клетките со хранливи материи и помагаат да го направиме нашиот стомак порамен.

Пијалоците кои го чистат организмот од штетните материи се особено пожелни по сето ова време кога најчесто останувавме дома, па почесто гледавме во фрижидер и повеќе јадевме.

Во продолжение прочитајте го рецептот за еден таков пијалок. Се нарекува „скротувач на стомак“ и неговите состојки не се проблем да се најдат, а можеби веќе ги имате во вашиот дом. Главната состојка на пијалокот е ананасот, кој е полн со витамин Ц и делува како природен диуретик кој го ослободува телото од токсините.

За придобивките од лимонот веќе се зборува многу, но уште еднаш ќе повториме дека тоа е цитрусно овошје кое е богато со минерали и витамини важни за здравјето.

И циметот и ѓумбирот се суплементи кои, меѓу другото, прават чуда за варењето.

Еве ги состојките за „скротувачот на стомак“:

1 чаша ананас – свеж или конзервиран
1/2 исцеден лимон
1 лажичка мелен ѓумбир
1 лажичка цимет
2 чаши вода

Подготовка:

Само во блендер ставете го сечканиот ананас заедно со останатите состојки, добро измешајте и уживајте во освежителниот пијалок и сите благодети што ги носи.