петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Сладолед од лубеница – нискокалоричен и превкусен десерт за цело лето

Сладолед од лубеница – нискокалоричен и превкусен десерт за цело лето

Сладоледот од лубеница освежува и истовремено е здрава замена кога очајнички ќе ви се пријаде нешто слатко.

Во овој едноставен рецепт можете да уживате цело лето.

Потребни состојки:

– 700 гр. лубеница (исчистена)
– 1 лимон или лимета
– 250 мл. грчки јогурт
– 1 лажица мед
– 1/2 лажичка екстракт од ванила
– рендано чоколадо по желба

Начин на подготовка:

1. Исчистете ја лубеницата од семки, исечете ја на помали коцки па распоредете ги на тава која ќе ја обложите со хартија. Ставете ги парчињата лубеница во замрзнувач на најмалку 3 часа. Потоа, извадете ја лубеницата и ставете ги парчињата во блендер.

2. Блендирајте додека не добиете хомогена смеса. Потоа додајте го сокот од лимон, медот и грчкиот јогурт, па уште малку блендирајте. На крај додајте малку екстракт од ванила.

3. Добиената смеса префрлете ја во поголем сад и вратете ја во замрзнувач на 2-3 часа. Со лажица за сладолед вадете топчиња и по желба изрендајте малку чоколадо одозгора.