петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

СМЕЕ ДА СЕ ЈАДЕ ПО ВЕЧЕРАТА: Ова овошје поттикнува слабеење, го исфрла вишокот течности и го зајакнува имунитетот

СМЕЕ ДА СЕ ЈАДЕ ПО ВЕЧЕРАТА: Ова овошје поттикнува слабеење, го исфрла вишокот течности и го зајакнува имунитетот

Секогаш наоѓаме места за десерт, без разлика колку сме сити, но сепак сакаме да го почестиме нашето тело со нешто здраво и лесно после обилната вечера, нешто што нема да нè направи уште потешки и подуени. Дали знаевте дека можете да си помогнете со овошје и на тој начин да се погрижите вашиот стомак да мирува ноќе?

Иако чуда не постојат, експертите инсистираат дека ананасот е овошјето кое најмногу се препорачува за вечерен десерт. И не само поради тоа што е богат со витамини и минерали како магнезиум, кој поттикнува релаксација и го намалува заморот, ананасот особено се препорачува поради неговите диуретик и дренажни својства, кои благотворно делуваат на задржување на водата во организмот. И покрај неговата груба надворешност, ананасот е симбол на добредојде и гостопримство. Кој би помислил, нели?!

Сочното тропско овошје е познато по своите антивоспалителни својства, бидејќи традиционално се користи за лекување на воспаленија и варење. Ананасот е летно тропско овошје, особено познато по дигестивниот ензим бромелаин, кој помага во варењето на храната и на крајот од денот ја намалува надуеноста и го олеснува варењето. Бромелаинот го има само во свежото овошје, а познат е и како додаток за намалување на воспаленијата после операција и спречување на таложење на маснотии во телото.

Ананасот исто така е полн со растителни влакна, содржи околу два грама по чаша исечкано овошје, што исто така помага при варење. Богат е со витамин Ц, кој ги штити нашите клетки и помага во изградбата на колаген, а само една чаша ананас задоволува 100% од нашата дневна потреба за витамин Ц.

А зошто се препорачува навечер?
Ананасот може да ни помогне да заспиеме, бидејќи содржи 20 милиграми магнезиум по чаша исечени парчиња (околу 6 проценти од препорачаната дневна доза), што му користи на телото на безброј начини. Магнезиумот помага во регулирање на крвниот притисок, функцијата на нервите и мускулите и го пренесува калиумот во телото, со што се смирува нашето тело и ум.

Меѓутоа, за вашиот десерт да биде навистина вкусен и корисен, а со тоа да ги отстраните сите проблеми на надуениот стомак, треба да знаете како да изберете добар и доволно зрел ананас, бидејќи тој е толку сладок, сочен и навистина ефикасен. За разлика од авокадото, праските и бананите, ананасот повеќе не созрева кога се собира, па нема да помогне ако ги оставите на тезга да созреат.

Не е тешко да се избере добар ананас. Еве неколку начини да го направите тоа правилно:

Златна боја
Светло портокаловиот ананас е презрел, а зелениот е незрел. Најдете ананас кој има убава златна боја.

Надворешноста на ананасот
Јазлите од надворешната страна на ананасот ни даваат индикација за тоа што има внатре. Побарајте поголеми јазли, бидејќи тоа е знак дека плодот на дрвото е зрел.

За жал, не можете да очекувате чудесни резултати и слабеење само со јадење ананас, треба да се грижите за сеопфатна, урамнотежена исхрана, а ананасот може да ви биде одличен сојузник и одличен избор за лесен десерт!