Доколку барате начин како да го подобрите видот, пробајте со едноставен рецепт: Јадете киви!
Киви или актинидија е моќно и вкусно овошје кое ни е достапно преку целата зима. Ова витаминско чудо изобилува со хранливи материи и е речиси без маснотии, односно содржи само 42 калории.
Кивито одлично се вклопува со други плодови во овошна салата, а можете да го додадете и во сосови или во утринската порција житарици за дополнителни хранливи материи.
Јадењето две до три киви дневно може да ве заштити од низа очни болести, вклучувајќи катаракта и загуба на видот од макуларна дегенерација. Исто така, минералниот состав нуди здравствени придобивки за вашиот нервен систем и циркулаторни функции.
Овошјето киви содржи лутеин и зеаксантин каротеоноиди, кои, колку чудно и да звучи се составен дел на мрежницата на окото. Вашето тело ги користи овие фитохемикалии за да создаде витамин А, а само една чаша киви содржи 220 микрограми лутеин и зеаксантин, кои ја обновуваат мрежницата и делуваат превентивно на појава на макуларна дегенерација.