Љубителите на буреки, пити и колачи ќе бидат целосно воодушевени од овој прекрасен рецепт, особено од чадениот фил од батак, кој му дава посебна арома.
Состојки за тесто:
600 гр брашно
300 мл вода
прстофат сол
маст за обложување
Состојки за филот:
150 гр мајонез
150 гр сирење
200 гр чаден батак
Подготовка:
Замесете тесто и поделете го на 4 јуфки и секоја јуфка премачкајте ја со многу маснотии. Покријте со проѕирна фолија и оставете во фрижидер преку ноќ. Мајонезот и ренданото сирење измешајте ги со батакот што ќе го исечете на потенки ленти. Секоја јуфка премачкајте ја со прсти во тенка кора и ставете од филот, виткајте и печете на 200 степени околу 15 минути.
Ако сакате голема пита, не мора да ги одделувате деловите. Посипете со ким, сусам, а потоа декорирајте.