вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Сочни и меки: Ова е рецептот за највкусните батаци кои сте ги пробале досега

Сочни и меки: Ова е рецептот за највкусните батаци кои сте ги пробале досега

Тајната е во маринадата

СОСТОЈКИ:

1 кг пилешки батаци
4 глави кромид
сок од лимон од 3 лимони
3 чешниња лук
50 мл крем за готвење
2 лажици масло
10 гр магдонос
3 лажички сенф
½ лажичка сол
½ лажичка пиперка
50 мл пилешка супа

Подготовка:

Исечете го кромидот (не многу тенко) и префрлете го во сад, па прелијте го со крем за готвење, масло, сок од лимон, лук, сенф, бибер, сол и сечкан магдонос.

Сè убаво измешајте и прелијте ги пилешките батаци. Промешајте за да се залепи смесата за батаците. Покријте го садот со капак или со фолија и оставете го пилешкото да се маринира најмалку еден час.

Извадете ги батаците од маринадата и ставете ги во длабока тава во која претходно сте го загреале маслото и оставете ги да се пржат неколку минути. Не заборавајте да ги превртите.

Потоа додадете ја маринадата и измешајте. На крај додадете ја пилешката супа, поклопете и оставете да се крчка на тивок оган 30 до 45 минути.

Кога садот е готов, посипете го со сечкан свеж магдонос и послужете со прилог по ваш избор. Тоа може да биде ориз, њоки, крокети, компири…