Еден ден на викеднот е секогаш резервиран за пржено бело месо и компири, дали печени или пире. Ако сакате малку да промените и да направите месо на поинаков начин, тогаш пробајте ги пржените коцки пилешко полнети со путер. Ароматични, сочни и вкусни, ќе ве воодушеват уште на првиот залак.
Слободно исфрлете ги јајцата од смесата за поховање, бидејќи пивото измешано со брашното ја врзува смесата исто толку добро и го прави месото нежно и сочно.
Состојки:
500 гр бело месо
150 гр путер
150 гр чедар сирење
20 гр копар
200 гр брашно
250 мл пиво
150 гр презла
Подготовка:
Исечете го месото на тенки шницли и истолчете го, а потоа посолете го секое парче. Измешајте путер на собна температура со рендано сирење чедар и сецкан копар. Добро измешајте, па ставете го на проѕирна фолија и со прстите малку развлечете и обликувајте го во квадрат. Повторно превиткајте го со проѕирна фолија, па затворете го, а потоа расукајте го со сукало за да добиете подебел квадрат.
Ставете во замрзнувач половина час. Се сече на коцки и се става во центарот на секој стек. Свиткајте прво по должина, па по ширина, за да го покриете месото со целата коцка путер. Завиткајте во проѕирна фолија и наредете во тесен сад и вратете во замрзнувач половина час. Брашното и пивото измешајте ги и добро измешајте, па секоја коцка месо (задолжително отстранете ја проѕирната фолија) прво во смесата, па во презлата. Се пржат на загреано масло.