Се подготвуваат брзо од состојки кои веќе ги имате во кујна. Од оваа смеса се добиваат околу 20 мафини.
СОСТОЈКИ:
3 јајца
150-200 гр шеќер
150 гр маргарин
300 гр брашно
30 гр какао
1 прашок за печиво
200 мл млеко
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Растопете маргарин и оставете да се излади. Брашното и прашокот за печиво измешајте ги. Разматете пенасто белки со шеќер, додајте и жолчки па кратко матете. Потоа измешајте маргарин и млеко, на крај брашно.
Смесата поделете ја на два дела. Во еден ставете какао.
Калапите полнете ги со двете смеси, внимавајќи да не се измешаат. Печете на 200 степени околу 25-30 минути.
Уживајте!