Подгответе за ручек шницли од свински врат или кременадли во сос од сенф и павлака. Брзо и едноставно без долг престој во кујната, а сочни и вкусни.
Потребно:
5 поголеми шницли
малку вегета
сол и бибер
масло
За сос:
4 лажици супа или вода
4-5 лажици павлака или неутрална хопла
2 кисели краставички исецкани на ситни коцки
Подготовка:
Исчукајте ги шницлите и зачинете ги. Премачкајте ги со зејтин и пржете на најсилен оган неколку минути од двете страни. Намалете го шпоретот на средна температура и пржете по 4-5 минути од двете страни. Тргнете ги и покријте ги.
Во истата тава каде останал сосот од пржењето на месото додадете ја супата или водата и сите останати наведени состојки за сосот. Добро промешајте и варете околу 5-6 минути.
Во сосот потоа додадете ги претходно подготвените шницли.
Добар апетит