среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

СОЧНО ПИЛЕШКО СО КАРИ И КРОМИД! Прсти да излижете!

СОЧНО ПИЛЕШКО СО КАРИ И КРОМИД! Прсти да излижете!

Ова е познато иранско јадење, а оригиналот вклучува ореви (печени и мелени), кои можете да ги додадете и во вашето јадење. Можеби звучи чудно, но кромидот и калинката во комбинација со одбрани зачини даваат апсолутно неодолив вкус кој тешко се заборава… Уживајте!

Состојки:

килограм батак со карабатак

една лажичка кардамом

две лажици масло

поголема главица кромид

половина чаша бело вино

мајчина душица

чаша бобинки од калинка

сол, бибер

Подготовка:

Измешајте кардамом, мајчина душица, сол и бибер, па со добиената смеса добро истријте го месото. Загрејте го маслото во тава, па пропржете го кромидот исечкан на ребра. Додадете го месото, пржете додека не порумени од сите страни, па прелијте со виното. Додадете ја калинката, промешајте, префрлете во рерна загреана на 200 степени и печете 20-25 минути.