вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Солени палачинки идеални за појадок

Солени палачинки идеални за појадок

Вкусни солени палачинки со мисиркина шунка и сирење и зачини се идеални за појадок.

Состојки:

2 јајца
250 гр брашно
150 мл млеко
1 лажица маслиново масло
1 голема лажица зачини (оригано, мајчина душица, магдонос…)
1 прстофат сол
150 мл вода
200 гр мисиркина шунка
200 гр моцарела

Подготовка:

Брашното, јајцата, млекото, 1 лажица масло и 150 мл вода измешајте ги во блендер, додадете зачини и малку сол. Добро измешајте и оставете да отстои најмалку 1 час во фрижидер. Секоја палачинка наполнете ја со мисиркина шунка и моцарела, преклопете ја на половина и ставете ја во тава што претходно сте ја намачкале со масло. Повторете ја постапката додека не ги наредите сите.

Се ставаат во тава и се ставаат во рерна 2 минути да се растопи моцарелата. Послужете додека е топло со сезонска салата.