Многу едноставен пијалок за кој вашите црева ќе ви бидат благодарни!
Без разлика дали имате проблем со запек или со прекумерна тежина, овој напиток ќе ви помогне. Тик Ток е преплавен со видеа на познати блогери кои го користат овој пијалок и тврдат дека тоа им помага.
Се што ви треба е да измешате чаша вода со две лажици чиа семе и малку сок од лимон и оставете да отстои пет минути.
Многумина тврдат дека овој напиток е магичен, а меѓу консументите има и дијабетичари.
Многу добро е познато дека влакната позитивно влијаат на работата на цревата, и дека се неопходни за нивно правилно функционирање. Чиа семките се одличен извор на влакна, па во комбинација со вода и лимон ќе направат чуда за организмот.
Исто така, потсетуваме дека предозирањето со растителни влакна може да предизвика контраефект, па затоа би било препорачливо да не претерате со консумирање на овој напиток.
„За оптимално варење, важно е цревата да се обезбедат доволно влакна, околу 30 грама дневно се идеални, но многумина консумираат само половина од оваа количина. Чиата е богата со растителни влакна, главно нерастворливи, па затоа овој напиток со чиа семе, вода и лимонот може да помогне“, изјави нутриционистката Лола Бигс.
Таа исто така додала дека е важно наеднаш да не се зголемува количината на влакна во исхраната, бидејќи тоа може да го вознемири желудникот.
Затоа, користете го овој напиток полека и умерено и нема да погрешите!