вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

СУПА ОД ДОМАТИ ЗА ВИСТИНСКИ ГУРМАНИ: Поради еден трик е повкусна од сите што сте ги пробале досега, а лесно се подготвува

СУПА ОД ДОМАТИ ЗА ВИСТИНСКИ ГУРМАНИ: Поради еден трик е повкусна од сите што сте ги пробале досега, а лесно се подготвува

Супата од домати е здрава, полна со антиоксиданси, вкусна и целосно приспособлива по ваш вкус. Со разни додатоци станува уште побогат и поароматичен нејзиниот вкус.

Ако ви здодеа обичната супа, почестете се со супа од домати, која ќе ве стопли и благотворно делува на дигестивниот систем. Потребно е помалку од еден час за да се направи, а ова не сте го пробале досега – зачините му даваат посебен вкус, а печењето на доматите уште поинтензивна арома.

Состојки: Килограм домати, 2 чешниња лук, 2 стебленца свеж целер, 1 мала главица кромид, маслиново масло, говедска коцка за супа, црвен пипер, мајчина душица, сол, бибер.

Подготовка: Доматите исечкајте ги на крупни парчиња, наредете ги во плех, прелијте ги со маслиново масло и добро зачинете со сол и бибер.

Се пече во рерна загреана на 200 околу 12 минути. За тоа време во тава пропржете сечкан целер, кромид и лук. Растворете ја коцката во 700 милилитри топла вода, па прелијте го зеленчукот.

Додадете ги печените домати, обилно зачинете со мајчина душица и црвен пипер, па оставете да зоврие. Потоа се меле во блендер до саканата густина и се сервира со кисела павлака.