сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Супата од ќеса изгледа како одлична замена за домашната, но мора да знаете каде е проблемот

Супата од ќеса изгледа како одлична замена за домашната, но мора да знаете каде е проблемот

Понекогаш немаме време да подготвиме домашна супа, па посегнуваме по оние од ќеса. Добивате четири чинии супа за неколку минути и изгледа како одлична замена.

Но, доколку често ги консумирате, треба да знаете неколку работи. Составот на супата од ќесичката не е многу добар за нашето здравје, бидејќи содржат многу сол и тестенини од бело брашно. Тоа значи дека процентот на јаглехидрати е зголемен, а посебен проблем претставуваат транс мастите, односно хидрогенизираните растителни масти и засилувачите на вкусот.

Високата концентрација на транс масти, шеќер и сол може да ги оштети клетките и да го зголеми ризикот од воспалителни процеси во телото.

Ако јадете супи од ќесичка два до три пати неделно, тоа не е добро. Избегнувајте често консумирање на овие супи.