Кремасто слатко од детството.
Состојки:
(за 4 лица)
– 150 гр ориз
– 400 мл вода
– 1 прстофат сол
– 600 мл млеко
– 1 ванилин шеќер
– 10 гр шеќер
И повеќе…
– цимет, мелени ореви
Подготовка:
Посолете ја водата и почекајте да зоврие, па додадете го оризот. Гответе на умерен оган околу осум минути или додека поголемиот дел од водата не испари.
Потоа додадете врело млеко, шеќер и варете на умерена температура со постојано мешање додека оризот не се свари и згусне.
Вкупното време на готвење на оризот е околу 20 минути.
На крајот додадете ванилин шеќер. Сутлијаш по желба може да се готви само со млеко.
Кога ќе биде готов, ставете го во чинии и посипете со цимет и мелени ореви.
Може да се служи и топло и ладно.