Ако сте љубители на тестенини, ова ќе ви стане омилен оброк. Макарони и мелено месо печени во рерна се едноставен рецепт кој се подготвува брзо, а вкусот ги воодушевува сите.
Додадете сирење во бешамел сосот и ќе добиете кремаст бел сос кој само ќе го подобри вкусот на вака подготвените тестенини.
Состојки:
2 главици кромид
2 чешниња лук
400 гр мелено месо
3 домати
20 гр доматно пире
сол, бибер
мајчина душица
црвен пипер
500 гр тестенини
Подготовка:
Пропржете сецкан кромид и лук, па додадете мелено месо.
Кога месото се пржи, додадете сецкани или мелени домати и доматно пире.
Измешајте се убаво, а потоа зачинете.
Згответе ги макароните.
Растопете го путерот, па додадете го брашното и измешајте.
Кога ќе се згусне и потемни, истурете го млекото, но не престанувајте да мешате.
Додадете го сирењето и добро соединете.
По неколку минути, кога сосот е готов, истурете ги макароните.
Комбинирајте, па истурете половина макарони во подмачканата тава, потоа меленото месо и останатите макарони.
Посипете со рендано сирење и печете на 200 ° C околу 20 минути.