Пржени пилешки шницли со фантастичен вкус, крцкави однадвор, меки одвнатре како душа.
СОСТОЈКИ:
пилешки стек
3-4 јајца
4 лажици бело брашно
3 лажици рендан кашкавал
4-5 лажици презла
3 лажици соја снегулки
1 ќесичка кубети со вкус на пилешко
лажичка мелен црвен пипер
сол, бибер
масло
ПОДГОТОВКА:
Стековите исечете ги на тенки парчиња, па расечете ги уште малку со нож и посолете. Изматете ги јајцата. Истурете бело брашно, кашкавал, презла, соја снегулки, изронети кубети (изронете ги со сукало), мелена папрака во сад и сѐ добро измешајте. Ако сакате, додадете бибер. Извалкајте го секој стек во смесата, потоа во јајцата, потоа во смесата, уште еднаш во јајцата и смесата и наредете ги во плех. Пржете во длабоко масло 2-3 минути од секоја страна и извадете ги на хартија за да се впие вишокот маснотии.
Пријатно!