Викендот дојде, а ако сакате да направите нешто набрзина, тогаш можете да подготвите тиквички со сирење и сусам.
Состојки:
три тиквички
200 гр крем сирење
две лажички препечен сусам
три чешниња лук
шака сечкани листови магдонос
сол, сув зачин
Подготовка:
Тиквичките измијте ги, исечете ги на половина по должина и малку издлабете го центарот со лажица.
Во суво тавче препечете го сусамот, па измешајте го со сирењето, сечканиот лук, магдоносот и другите зачини.
Со ова премачкајте ги половинките од тиквички. Ставете ги во тава покриена со хартија за печење која сте ја попрскале со малку маслиново масло. Печете во рерна загреана на 180 степени околу 20 минути.
Пријатно!