вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Топ 3 пролетни намирници кои помагаат при слабеење

Топ 3 пролетни намирници кои помагаат при слабеење

Пролетта е време од годината кога пазарните тезги и полиците на продавниците стануваат преполни со разновидни вкусни овошја и зеленчук.

За време на студените месеци има многу кои „накачуваат“ некој килограм вишок, а летото полека се ближи.

Ако барате храна која ви помага да изгубите тежина, тогаш сте на вистинското место.

За вас ги избравме трите најдобри пролетни намирници кои се одлични сојузници во борбата против вишокот килограми.

1. Јагоди

Ова слатко овошје е направено за уживање, а воедно може да биде одлично и за слабеење. Едно истражување потврдило дека луѓето кои јадат осум грама повеќе влакна губат половина килограм на 1.000 внесени калории. Јагодите се полни со влакна, па можете да ги јадете секој ден.

2. Печурки

Освен што се полни со протеини, печурките ги содржат и мастите што ги има црвеното месо. Истражувањата покажаа дека ако јадете порција печурки, ќе бидете сити како да сте јаделе порција месо.

3. Марула

Салатата е полна со вода, што помага што побрзо да се заситите, па ако ја јадете пред главното јадење, ќе јадете малку помалку и затоа нема да се здебелите.

Дополнително, нутриционистите препорачуваат ручекот да го започнете со салата, бидејќи на тој начин нема да ви скокне шеќерот во крвта, што е од големо значење за превенција од предијабетес и отпорност на инсулин.

Доколку не сакате салата, истото ќе го постигнете со конзумирање на супа од зеленчук.