недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Топ 5 намирници кои се добри за срцето и крвните садови

Топ 5 намирници кои се добри за срцето и крвните садови

Зачувувањето на срцето и крвните садови е предуслов за квалитетен живот

Затоа ви претставуваме пет намирници кои се добри за вашето срце и крвните садови.

Целер

Постои истражување во кое им бил даден целер на глувци и покажало дека крвниот притисок кај овие животни се намалил за цели 10 проценти. Познато е дека целерот е богат со калиум, кој го намалува крвниот притисок, но има и многу други состојки со овој ефект.

Целерот е богат и со лутеолин, флавоноид за кој е докажано дека ја спречува оксидацијата на лошиот (ЛДЛ) холестерол.

Лук

Лукот е идеален за чистење на крвните садови, бидејќи ги шири и ја зголемува циркулацијата на крвта. Употребата на лук го намалува развојот на кардиоваскуларни заболувања преку намалување на високиот холестерол, високиот крвен притисок, зголемениот лош холестерол, ја намалува адхезијата на крвните клетки и спречува згрутчување на крвта.

Јаткасти плодови

Бадемите, оревите и лешниците го имаат главниот збор за зачувување на здравјето на срцето и крвните садови. Тие се богати со омега-3 масни киселини, влакна, витамин Е – тоа се хранливи материи кои го намалуваат нивото на холестерол во крвта и ги штитат артериските клетки.

Боровинки

Боровинките се стекнаа со репутација на „суперхрана“, и тоа не без причина. Поради високите концентрации на антоцијани, консумирањето на боровинки го забрзува отстранувањето на слободните радикали. Ова овошје учествува во поправка на оштетените протеини во крвните садови, а го подобрува целокупното здравје на срцето и крвните садови.

Лосос

Масните риби како лососот, сардините и скушата се вистинска ризница на здравјето. Нивната тајна лежи во зголеменото количество на омега-3 масни киселини, кои ги намалуваат триглицеридите, ризикот од аритмија и таложење на наслаги во артериите.