петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Топено сирење чиј вкус долго ќе го паметите: Рецепт за популарниот специјалитет кој се служи топол со крцкаво лепче

Топено сирење чиј вкус долго ќе го паметите: Рецепт за популарниот специјалитет кој се служи топол со крцкаво лепче

Топеното сирење е популарен специјалитет кој се наоѓа на менито во поголемиот дел од менијата во рестораните и пицериите, особено во Македонија.

Вообичаено се служи со крцкав леб, а може да биде предјадење или топол меѓуоброк. Прекрасно е во комбинација со бело вино или пиво, па често ќе го сретнете и во текот на домашните забави.

Состојки за топено сирење:

– 600 грама фета сирење;
– 100 грама бело, тврдо сирење (изрендано);
– 100 грама кашкавал (гауда или ајдамер);
– 2-3 лажици кечап;
– Оригано.

Бешамел:

– 60 грама путер;
– 3 лажици брашно;
– ½ литри млеко.

Подготовка:

1. Направете го бешамел сосот. Стопете го путерот и додадете брашно, па мешајте додека не добие златна боја. Ставете го млекото и варете додека не згусне.

2. Во керамички сад за печење иситнете го фета сирењето така што ќе го прекриете дното од садот. Додадете го кечапот и ориганото, ставете половина од бешамел сосот, додадете рендан кашкавал и рендано бело сирење. Повторно додадете од бешамел сосот, на врвот ставете го останатиот дел од кашкавалот и уште малку кечап и оригано.

3. Ставете го садот во рерна на 200 степени Целзиусови додека сирењето на врвот убаво не се стопи и не добие прекрасна боја.

На здравје!