Со доаѓањето на студените денови се менува и кујната, па еве идеја да подготвите нешто вкусно што ќе ви ги стопли и душата и телото.
Меки пирошки совршени за појадок и почеток на денот. Може да ги полните со фил по ваша желба, а денешната идеја е да се полнети со мелено месо.
Состојки за тесто:
600 гр. брашно
200 мл. млеко
200 мл. топла вода
100 мл. зејтин
1 лажички шеќер
2 лажички сол
1 квасец
зејтин
За фил:
500 гр. мелено месо
1 кромид
2 чешниња лук
1 црвена пиперка
сол, бибер
зејтин
Подготовка:
Квасецот оставете го да нарасне. Во сад ставете брашно, па додадете малку стоплено млеко, зејтин, шеќер, сол и квасецот. Замесете тесто и оставете го да нарасне на собна температура.
Во меѓувреме подгответе го филот.
Кромидот, лукот и пиперката ситно исецкајте ги, па ставете да се динстаат. Додадете го меленото месо и зачините, и мешајте додека месото не биде готово.
Тестото развлечете го во форма на круг. Извадете кругови со чаша или поголема модла. На половина од кругот ставете лажица фил, преклопете го тестото и со вилушка спојте ги краевите.
Во загреан зејтин пржете ги пирошките додека да добиете златножолта боја.