Брзо, вкусно и најдобро од сè, лесно за правење.
Состојки:
поголемо парче пилешки гради
половина кромид
половина авокадо
4 супени лажици слатка пченка
1 домат
сол, бибер
масло за пржење
ситно сечкана шунка по желба
2 тортиљи
2 лажици кисела павлака
Подготовка:
Месото се сече на коцки и се пржи на масло. Во сад измешајте сечкано авокадо, пченка, домат исечкан на коцки и кромид. Зачинете со сол и бибер. Ставете го месото и измешајте.
Тортиљите премачкајте ги со павлаката, ставете од филот и завиткајте ги.