Тортиља чипсовите се одличен избор за споделување и дружење со пријателите. Со чипсот можете да направите начос, да ги послужите со салса или гвакамола, па дури и ќе одат одлично со хумус.
Најдобро од се? За чипсот потребни ви се само три состојки и околу 15 минути време. Се подразбира дека вкусот на домашните чипсови е уште подобар од оние што се купуваат во продавница.
Состојки:
3-4 тортиљи од пченка
сол по желба
растително масло за пржење
Подготовка:
Исечете ја тортиљата од пченка на триаголници како пица.
Во тава загрејте многу масло.
Исечените тортиљи ставете ги во масло и пржете ги од секоја страна околу две до три минути додека не добијат златно-кафеава боја.
Префрлете ги чиповите на салфетка.
Посолете пред сервирање. Добар апетит!