Темата за балансирано хормонално здравје со години станува сѐ поактуелна. Со тек на времето, секоја жена доаѓа во фаза кога има проблеми со регулирањето на хормоналниот статус. Во одредени ситуации неопходно е пиење одредени лекови, но некои состојби може да се регулираат и по природен пат.
Овие се три природни рецепти кои го стабилизираат лачењето на хормоните:
Топла вода со лимон
Топлата вода со лимон придонесува при намалувањето на телесната тежина, ги отстранува токсините од организмот, го подобрува имунитетот, состојбата на кожата и дигестијата. Причина за тоа е што лимонот влијае на хормонот на ситост – лептин. Доколку лептинот не е во рамнотежа, тогаш почнува да создава масни наслаги. Лимонот помага да се избегне и дехидратацијата, а и го подобрува варењето.
Рецептот е многу едноставен: исцедете сок од половина лимон во чаша топла вода и испијте го веднаш.
Чај од листови од малина
Листовите од малина се користат за зајакнување на мускулите на матката. Научните истражување потврдиле дека оваа билка позитивно влијае на работата на хормоните. Жените кои го пијат овој чај за време на бременоста, немаат тешкотии при породувањето.
Рецептот и за оваа напивка е, исто така, едноставен: прелијте една супена лажица листови од малина (може и сушени) со 200 мл зовриена вода и оставете да отстои 10 минути. Чајот не го консумирајте пред спиење, туку преку ден.
Златно млеко
Златното млеко го подобрува имунитетот и го доведува во рамнотежа нивото на хормоните во организмот. Оваа напивка загрева, освежува и смирува. Се состои од куркума, кокосово масло и засладувач, кои прават корисна комбинација за регулирање на хормоните и дејствува позитивно на организмот.
Рецепт: Во 200 мл топло млеко додадете половина лажичка куркума и лажичка кокосово масло. Може да засладите со мед. Оваа напивка е најдобро да се пие навечер.
Се препорачува утрото да го започнете со топла вода и лимон, чајот од малини пијте го попладне, а златното млеко пред спиење.