Во сезоната на малини и капини, многу домаќинки одлучуваат да ги подготват за замрзнување и да ги користат од есен до следното лето за правење колачи и торти.
Но, бидејќи овие плодови се многу чувствителни и нежни, често се случува да се претворат во каша кога ќе се одмрзнат. За да не ви се случи тоа, треба на посебен начин да ги подготвите за замрзнување.
Свежите малини и капини измијте ги, наредете ги на пластичен плех и ставете ги во замрзнувач преку ноќ. Внимавајте плодовите да не се допираат за да може секое да замрзне поединечно.
Следниот ден извадете го пластичниот плех со замрзнатите малини и капини и префрлете ги во садови за еднократна употреба, пластични шишиња или кеси со широки усти и ставете ги во замрзнувач.
Вака замрзнатите бобинки нема да се претворат во каша кога ќе ги одмрзнете, а плодовите ќе останат сочни.
На ист начин можете да подготвите и боровинки и рибизли.