четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Црното чоколадо може да го намали ризикот од губење на помнењето, сугерира студија

Црното чоколадо може да го намали ризикот од губење на помнењето, сугерира студија

Во светот на слатките, темното чоколадо ја држи здравата страна на храната.

Откриено е дека моќните соединенија скриени во чоколадото – особено темната сорта, таканаречените флаваноли – ја зголемуваат меморијата.

Истражувачите од универзитетите Харвард и Колумбија открија дека придобивките доаѓаат од консумирање 500 милиграми флаваноли секој ден, во форма на суплементи. Сепак, независните експерти за исхрана и превентивна медицина тврдат дека оваа количина е „лесно остварлива“ преку исхраната.

Флаванолот го има во темното чоколадо, но и во јаболката, бобинките и зелениот чај.

– Ова е навистина важна студија која покажува дека дозата на флавоноиди наречени флаваноли е клучна за подобрување на меморијата во мозокот што старее – рече професорот Ајдин Касиди од Универзитетот Квин во Белфаст и додаде:

– Дозите потребни за овие подобрувања на здравјето на мозокот се лесно остварливи. На пример, една шолја чај, шест коцки темно чоколадо, неколку порции бобинки и јаболка заедно би дале околу 500 милифрами.

Во студијата објавена во списанието „The Proceedings of the National Academy of Sciences“ учествувале повеќе од 3.500 возрасни лица, во просек во 70-тите години. Повеќето веќе јадат здрава исхрана богата со флаваноли. На учесниците им бил даден или дневен додаток на флаванол од 500 милиграми или лажна пилула во текот на три години.

Во текот на студијата, волонтерите направиле неколку тестови за меморија и пополниле анкети за нивната исхрана.

Резултатите од меморијата само малку се подобриле за групата која земала апчиња флаванол.

Но, поголеми придобивки беа забележани кај подгрупата на луѓе кои имаа лоша исхрана и мала потрошувачка на флаваноли на почетокот на студијата. Резултатите од нивната меморија се подобриле за околу 10 проценти повеќе од нивните врсници кои земале плацебо, покажале резултатите.

Истражувачите, сепак, нагласија дека земањето флаваноли „нема ефект врз луѓето кои немаат недостаток на ова соединение“.

Професорот Адам Брикман, невропсихолог од Универзитетот Колумбија, тврди дека наодите „ја зголемуваат можноста за користење храна или додатоци богати со флаванол за подобрување на когнитивната функција кај постарите лица“.

Професорот Гантер Кунле, експерт за исхрана и наука за храна од Универзитетот во Рединг и ко-истражувач на студијата, рече дека резултатите „сугерираат дека има оптимална количина на флаваноли во исхраната“, што е околу 500 милиграми дневен внес.

Но, не сите се согласуваат со ова. Проф. Дејвид Кертис од Универзитетскиот Колеџ во Лондон додаде дека студијата не обезбедила докази дека зголемувањето на внесот на флаванол е корисно и дека нема потреба некој да размислува за промена на исхраната во светлината на нејзините наоди, пренесува „Dailymail.co.uk“.