петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Туна во тортиља – диетална, а вкусна!

Туна во тортиља – диетална, а вкусна!

Рецепт кој ќе ви стане омилен!

Побарајте лесен, вкусен оброк без да внесувате премногу калории: Туна во тортиља!

Еве предлози за вкусни тортиљи од туна кои ќе ги задоволат вашите пупки за вкус и нема да и наштетат на вашата линија!

Зошто ова јадење?

Можеби сте свесни дека туната е одличен извор на протеини, минерали и комплекси на витамини Б. Позната е и по високата содржина на есенцијални омега-3 масни киселини. Со конзумирање на туна поволно делуваме на расположението и ги ублажуваме симптомите на депресија. Туната е богата и со селен, кој помага во спречување на рак и срцеви заболувања.

За овој оброк со туна ќе ви требаат:

1 пакување тортиљи
1 мала лименка црвен грав
4 компири
100гр диетален мајонез
1 главица црвен кромид
1 мала главица зелена салата
150гр туна (конзервирана)
пиперка

Како да ја подготвите:

1. Извадете ја туната од конзервата и исцедете го вишокот маснотии. Излупете го и исечете го на парчиња.

2. Компирите се лупат, се сечат на поголеми парчиња и се варат во солена вода да омекнат. Потоа исцедете ги и изрендајте поголеми.

3. Изренданите компири соединете ги со мајонез, додадете зачини по вкус и промешајте.

4. Во тефлонска тава кратко пропржете ги тортиљите додека не поруменат.

5. Жолтите тортиљи премачкајте ги со мешавина од мајонез и компири, на секоја ставете по еден лист зелена салата, додадете малку туна, грав и црвен кромид и свиткајте или завиткајте во фолија.