Крај на работната недела е, а повеќето домаќинки се прашуваат што да подготват за ручек, а да биде брз, лесен, вкусен и да заситува.
За време на топлите денови, речиси секој сака да јаде нешто освежително, а оброците со салати се идеални за тоа.
Ви носиме рецепт за пролетна салата, а најдоброто е што можете да си играте со вкусовите и да додадете повеќе зачини, повеќе зеленчук, па дури и да додадете месо.
Состојки:
– 2 црвени пиперки
– 2 домати
– 100 гр. кашкавал
– 1 црвен кромид
– 1 краставица
– 3 лажици мајонез
– 2 лажици павлака
– сол бибер
– 1 лажица копар
– магдонос
Подготовка:
Пиперките и доматите исечкајте ги ситно, а кромидот, сирењето и краставицата на ситни парчиња. Во подлабок сад ставете ги зеленчукот и сирењето, посолете, додадете бибер и копар.
Потоа додадете мајонез и павлака и убаво измешајте. Украсете ја салатата со магдонос и ставете ја во фрижидер 20 минути.
Салатата можете да ја послужите и како прилог.
На здравје!