среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Утрото не е вистинско време за КАФЕ: Доткор објасни колку може да биде штетно за нашето ЗДРАВЈЕ

Утрото не е вистинско време за КАФЕ: Доткор објасни колку може да биде штетно за нашето ЗДРАВЈЕ

Ако ја прекинете оваа навика, ќе имате повеќе енергија

На повеќето од нас првото утринско кафе ни ја дава потребната енергија за да го започнеме денот, но д-р Каран Раџ предупредува дека кафето не треба да биде првото нешто што го консумираме наутро, а еве зошто.

Можеби ова е тешко да се проголта, за некого неразбирливо, но има прилично добра причина за тоа, вели Раџ, кој собра милиони следбеници на „TikTok“ благодарение на неговите практични совети.

На „BBC Morning Live“, популарниот доктор објасни зошто треба да дозволиме нашите тела сами да се разбудат, наместо да се потпираме на првата голтка кафе наутро.

Тој не предлага целосно да се откажете од утринското кафе, само малку да ја промените вашата рутина.

– Немојте наутро прво да пиете кафе за да се разбудите. Вашето тело природно ве буди со кортизол, вели тој.

Наместо тоа, д-р Раџ советува да почекате неколку часа и да пиете кафе откако ќе се смират природните нивоа на кортизол во вашето тело.

– Пијте кафе кон средината на утрото кога нивото на кортизол и енергијата ќе ви паднат. Потоа оставете го кофеинот да делува и да ви даде енергија – објаснува тој.

Секако, има и такви кои не го послушале советот на Раџ.

– О боже, не. Морам да испијам кафе наутро, инаку не сум пријател со никого – напишал еден, а многумина се согласиле.

Сепак, многумина се согласија со советот на лекарот и им препорачаа на другите да го пробаат. Има и многу од оние кои велат дека на почетокот е многу тешко бидејќи се навикнуваш на кафето, но кога ќе помине тој период ќе се чувствуваш многу подобро, пишува „The Sun“.