вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Вака искусните домаќинки ја преливаат баклавата: Не користат шеќерен сируп, а корите се многу сочни!

Вака искусните домаќинки ја преливаат баклавата: Не користат шеќерен сируп, а корите се многу сочни!

Најдобрите готвачи во античко време приготвувале вкусни и богати баклави со цел да им приредат вистинско уживање за време на десертот на нивните владетели.

Тогаш секој што знаел да прави баклава бил ценет како врвен готвач. Потеклото на баклавата до денес не е познато, но се претпоставува дека потекнува од палатата Топкапи, бидејќи таму се пронајдени записи за нејзиното подготвување.

Пробајте го овој рецепт и ќе направите навистина сочна баклава. Наместо шеќерен сируп, користете млеко и врз неа посипете какао и чоколадо.

Состојки:

1 пакување кора,
300 гр ф’стаци,
3 чаши млеко,
3 чаши шеќер

Подготовка:

Тавата премачкајте ја со масло, па наредете ги корите. Секоја од нив се премачкува со масло. Кога ќе наредите половина од корите, посипете со мелени ф’стаци, па продолжете да ги редите корите. Секоја повторно премачкајте ја со масло. Измешајте го млекото со шеќерот и варете со мешање додека не се раствори шеќерот.

Готовата баклава прелијте ја со сирупот, а потоа изрендајте го чоколадото и посипете со кокос. Ставете ја баклавата со млеко во фрижидер 2 часа.