вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Вакви макарони не сте пробале, тајната е во една состојка

Вакви макарони не сте пробале, тајната е во една состојка

Ако ја сакате италијанската кујна тогаш самите подгответе макарони со чедар.

Состојки:
две лажици масло
две лажици путер
три лажици брашно
чаша ипол млеко
три чаши рендан кашкавал
малку мускатен орев
500 гр. макарони makarona
сол и бибер

Подготовка:

Макароните сварете ги во солена вода. Во загреано тавче стопете ги маслото и путерот, па додадете брашно и мешајте три минути.

Постепено додавајте го млекото со постојано мешање. Кога ќе почне да врие, додадете го чедарот, сол и бибер. Зачинете со мускатен орев и мешајте додека не се стопи.

Претходно сварените и исцедени макарони соединете ги со сосот. Префрлете ги макароните во тава и печете во загреана рерна на 200 степени околу десет минути.

Пријатно јадење…