недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Ванила – кралица на зачините: Дознајте за што може да ви помогне

Ванила – кралица на зачините: Дознајте за што може да ви помогне

Ванила е многу ароматична билка, со карактеристичен интензивен мирис и се одликува со раскошен и благ вкус. Поради долготраен процес на производство, ова билка покрај шафран и кардамон, спаѓа помеѓу поскапите зачини на светот, а позната е како силен афродизијак.

Ванила се смета за кралица на мирисите и зачините поради исклучително пријатен мирис кој го дава ванилин. Ванила припаѓа во семејството на орхидеи, потекнува од Мексико, од таму се има раширено на други тропски подрачје. Може да порасне до 15 метри, има долги меснати листови и жолти или портокалови цветови кои се јавуваат дури по три години од садењето.

Против грчеви во желудникот

Најчесто се користи за подобрување на вкусот на различните јадења и пијалаци, а се верува дека консумирањето на храна која е збогатена со ванила позитивно влијае на централниот нервен систем.

Етерското масло кое се развива во плодот на ванила во текот на нејзиното созревање ги намалува грчевите во желудникот и цревата. Екстрактот од оваа билка се прави од иситнети суви мешунки кои се ставаат во жешка вода и алкохол. За јадење се користи внатрешноста, мекиот дел на мешунката, кој има интензивна арома и затоа е потребно умерено да се дозира.

Намалува апетит

Истражувањата кои ги спроведуваа научниците покажаа дека благиот мирис на ова билка делува смирувачки и дека е одлично средство против напад на глад. Учесниците на експериментот кои имаат зголемена телесна тежина добија залепен фластер кој ослободува мирис на ванила, ова имало ефект и нападите на глад се намалија за 50 проценти.

Ароматично кафе

Исечените мешунки ставете ги во садот со пола килограм шеќер и добро затворете го истиот. По две-три недели шеќерот ќе го добие карактеристичниот вкус на ванила и се користи за кафе или чај. Исто така, мешунките на ванила можат да се исечат и да се измешаат со кафе пред варењето за да кафето добие блага арома.