Многу луѓе моментално имаат проблем со вируси, кои можат да доведат до болки во грлото и постојана кашлица, што навистина може да биде исклучително заморно.
За да си олесните во најкус можен рок, пробајте со чај од ловор. Еве како да го подготвите, а помага многу брзо, ќе почувствувате олеснување.
Состојки за чај од ловоров лист:
2,5дцл вода
3 ловорови листови
малку ѓумбир
половина лимон
една лажичка мед
Ловорот ситно исечкајте го, ставете го во тенџере и прелијте го со вода, па додадете го ѓумбирот. Оставете сè да зоврие, а кога е готово, процедете го и додадете малку мед и исцеден лимон.
Погледнете го видеото за детални упатства како да го подготвите напитокот.