Почитувани љубители на доброто вино!
„Тирио бистро бар“ Ве поканува на едно поинакво, елегантно и пријатно винско доживување, оваа среда, 14ти март, со почеток во 17 часот.
Оваа „Винска среда“ ќе имате можност да дегустирате вкупно 4 различни сорти на бело и црвено вино од винариите Камник, Тиквеш, Стоби и италијанската винарија Фантинел.
Листа на вина:
- Fantinel Prosecco Extra Dry
- Chateau Kamnik Pinot Grigio Single Vineyard 2017
- Tikveš Plavec Special Selection 2016
- Stobi Cabernet Sauvignon 2015
Научете нешто повеќе за винската култура, уживајте во добрата капка вино и излезете од „Тирио“ побогати за едно сосема ново искуство.
Цената на дегустацијата е 600 денари по лице со вклучено мезе.
Место: Тирио бистро бар (Булевар Илинден 38, Скопје)
Датум: 14.3.2018
Време: 17:00 – 24:00
Резервирајте на 071 337 494.
Линк до настанот: https://www.facebook.com/events/806168636237015/