сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Виртуелно патување низ долината на реката Рона со вината на „Chateau de Gourdon“

Виртуелно патување низ долината на реката Рона со вината на  „Chateau de Gourdon“

Минатиот четврток во опуштена атмосфера на летната тераса на М6 едукативниот центар во организација на Македонската Асоцијација на Сомелиери – МАСОМ,  се одржа вечерна дегустација на вината од француската винарија  „Chateau de Gourdon“. Во фокус беа шесте премиум вина Jolie Balade, Fontaine du Sud, Mistral au Jardin, Vase de Pierre, Terrasse a l’Ombre и Terrasse au Soleil.

Околу 30 вински ентузијасти и кандидати кои ја посетуваат винската обука, предводени од првиот човек на МАСОМ, Звонко Херцег,  имаа уникатна можност преку дегустација виртуелно  да отпатуваат до замокот во Јужна Рона, да ја почувствуваат свежината на ветерот Мистрал и да се соживеат со долгата винска традиција која овој посед ја негува уште од 1870 година.

Овие вина одлично ја изразуваат експресијата на поднебјето и  виоко котираат на светската винска сцена, што го потврдуваат  признанијата и наградите на најголемите светски вински натпревари. Во последните три години, вината на „Chateau de Gourdon“ имаат добиено 40 медали, од кои највисокото одличје го доби Тerrasse a l’Ombre кое на пролетниот натпревар „Мундус Вини 2021“ беше прогласено за најдобро од регионот на Јужна Рона и доби двојно злато за освоени над 95 поени.