Наместо стандардни сендвичи или салати, сменете ја вечерата и одлучете се за крап, кој можете да го подготвите за само еден час. Умерена температура, путер, масло и некои други состојки ќе му дадат одличен вкус
Кога станува збор за подготовка на крап, веруваме дека секогаш ќе се навраќате на овој рецепт:
СОСТОЈКИ:
поголем крап (два-три килограми)
помал куп млад кромид
половина чаша ореви
300-400 гр печурки
120 мл бело вино
помал лимон
125 гр путер
зелени маслинки
сол, бибер, магдонос
ПОДГОТОВКА:
Исчистете го крапот, измијте го, исушете го со крпа, потоа посолете, додадете бибер и вратете го во фрижидер. Загрејте една лажица путер и масло во голема тава на умерен оган и пропржете ги ситно сечканиот млад кромид и печурките. Додадете сечкани ореви, сол, бибер и магдонос, прелијте со вино и динстајте додека не испари вишокот течност. Наполнете го крапот со добиената смеса и ставете го во плех обложен со хартија за печење. Прелијте го преостанатиот растопен путер и печете во рерна на 180 степени 50-60 минути. Се сече на парчиња, се прелива со сок од лимон, се посипува со маслинки и се сервира веднаш.