Состојки
2 долги краставици
4 чешниња лук
половина гранче копар
сол
400 мл густ јогурт
малку маслиново масло
бел бибер
Подготовка:
Излупете ја краставицата и изрендајте ја, посолете ја и оставете ја водата да тече. Исцедете ја целата вода од краставиците, исецкајте го лукот и додадете го ситно сечканиот копар, маслото, јогуртот и белиот бибер. Промешајте, добро изладете и послужете.
Грците советуваат дека можете да го отстраните вкусот на лукот во устата со џвакање на листовите од магдонос.