понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

ВИСТИНСКО ЕСЕНСКО ЗАДОВОЛСТВО: Рецепт за сладок леб со тиква

ВИСТИНСКО ЕСЕНСКО ЗАДОВОЛСТВО: Рецепт за сладок леб со тиква

Тешко е да се победи слаткиот леб што можете да го купите во вашата омилена пекара.

Се чини дека пекарите ја имаат таа една мала тајна состојка во ракавот што не можете баш да ја дофатите кога се обидувате да направите нешто слично дома.

Сепак, дали некогаш сте се обиделе да измешате тиква во целата приказна?

Ако не сте, ова е совршена прилика, затоа што ви пренесуваме рецепт за сладок леб од тиква по пример на француското пециво бриош, кое е толку воздушесто и меко што е невозможно да се одолее.

Состојки:

2 и пол чаши брашно

1/3 чаша светло-кафеав шеќер

2 лажички инстант квасец

½ лажичка ситна морска сол

1 јајце

1 жолчка од јајце

¾ чаша пире од тиква

¼ чаша млеко

10 лажици путер, на собна температура

Межавина од јајце и вода

шеќер за посипување

Подготовка:

Со помош на електричен миксер со додаток за тесто, измешајте ги брашното, кафеавиот шеќер, квасецот, солта, јајцата, тиквата и млекото.

Матете на средна брзина 2 минути, а потоа зголемете на најголема брзина уште 5 минути.

Додека миксерот работи, додадете 1 лажица путер. Потребно е да се добие мазно и лепливо тесто. Тестото префрлете го во подмачкан сад и покријте го со пластична фолија.

Оставете го да нарасне на топло место 1 час, а потоа оставете го во фрижидер преку ноќ.

Следниот ден извадете го тестото од фрижидер и намачкајте го калапот со нелеплив спреј. Поделете го тестото на 16 еднакви делови и секој обликувајте го во топка на малку набрашнета површина. Во два реда ставете ги топчињата од тестото на плехот.

Покријте повторно со пластична фолија и оставете на топло место околу 2 часа.

Кога тестото ќе нарасне доволно, премачкајте го со мешавината од јајце и вода и одозгора посипете шеќер. Ставете го во загреана рерна и печете околу 35 минути.

Оладете најмалку 10 минути, а потоа извадете го од калапот и послужете по желба.