недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Вистинско уживање за оние кои постат: Домашниот хумус е идеален начин да го започнете денот

Вистинско уживање за оние кои постат: Домашниот хумус е идеален начин да го започнете денот

Кремаст и вкусен.

Хумусот или намазот од наут е познат ориентален намаз и е многу популарен во последно време, а можете да го најдете во секоја продавница.

Сепак, најдоброто нешто е што можете да го подготвите сами, дома.

Неговата лесна подготовка и вкус ќе ве убедат да го подготвувате и после постот.

Состојки:

300 гр леблебија од конзерва

2 чешниња лук

100 мл маслиново масло

лимонов сок

сол

Подготовка:

Сите наведени состојки ставете ги во блендер. Блендирајте додека не добиете кремаста текстура, а по потреба додадете малку вода. Готовиот хумус префрлете го во тегла и чувајте го во фрижидер.

Пријатно!