вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

ВИТАМИНСКА САЛАТА ОД ЦВЕКЛО: Идеална е за посна трпеза, а готова е за 5 минути!

ВИТАМИНСКА САЛАТА ОД ЦВЕКЛО: Идеална е за посна трпеза, а готова е за 5 минути!

Посна салата од цвекло е идеална за зимските денови, а особено за деновите кога постите. Многу лесно се прави, има неодолив вкус и што е најважно – полна е со витамини.

Состојки:

1 кг цвекло
2 супени лажици маслиново масло
1 главица црвен кромид
2 чешниња лук
2-3 лажици балсамико оцет
2 лажици млад лук

Подготовка:

Цвеклото сварете го и изрендајте го. Во тава загрејте го маслото, па пропржете ги ситно сечканите црвен кромид и и бел лук, па додадете го цвеклото и измешајте. Додадете сол и бибер, промешајте уште еднаш и динстајте 3 до 5 минути, додека цвеклото не омекне и не го ослободи сокот. Истурете во сад за салата, зачинете со балсамико и посипете со ситно сечканиот млад лук.