сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Вкусен десерт кој ќе ве потсети на детството: Направете колач со вишни

Вкусен десерт кој ќе ве потсети на детството: Направете колач со вишни

Вкусен десерт кој ќе ве потсети на детството.

Состојки:

200 гр. брашно

200 гр. шеќер

150 мл млеко

150 мл масло

4 јајца

Смрзнати вишни, околу 400 гр.

Кесичка ванилин шеќер

Начин на подготовка:

Одмрзнете ги вишните и оставете ги да се исцедат. Во чинија измешајте брашно, шеќер и ванилин шеќер, потоа додадете масло, млеко, јајца и изматете со миксер додека да добиете изедначена смеса.

Сипете половина во тава и печете на 200 степени 5 до 10 минути. Потоа извадете и додајте ги исцедените вишни и остатокот од тестото, порамнете и вратете во рерна.

Колачот е готов кога чепкалката ќе излезе сува.

Пред служење наросете со шеќер во прав.