Ако немате многу време, скате вкусна и брза пита која може да ја послужите како појадок или вечера ова е вистинскиот рецепт за вас.
Состојки:
2 јајца
1,5 дцл масло
3 дцл јогурт
1,5 дцл павлака
1 лажичка прашок за пециво
1 лажичка сол
3 дцл палента
3 дцлбрашно
200 гр сирење
Подготовка:
Изматете ги јајцата, додадете масло, јогурт и павлака. Потоа додадете го прашокот за пециво и палентата. Убаво измешајте и на крај ставете го брашното. Ситно исецкајте го сирењето и додадете го во тестото.
Печете околу половина час на 200 степени.