среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Вкусна билка со лековито дејство, еве зошто треба да користите ѓумбир

Вкусна билка со лековито дејство, еве зошто треба да користите ѓумбир

Ѓумбирот е тропска зачинска билка која расте во висина од 100 до 150 сантиметри и потсетува на трска поради листовите. Коренот на ѓумбирот е меснат , во дебелина колку прст и околу 20 сантиметри долго. Спецификата на ѓумбирот е во ароматичноста на коренот, која потсетува на лимон, а вкусот е слатко пикантен и свеж.

Ѓумбирот е многу вкусен како зачин и се користи како во солените така и во слатките јадења, додаток во пивото и во некои ликери.

Лековитото дејство на ѓумбирот

Се користи против воспаленија, за облоги против отоци, против грчеви,за намалување на болки во мускулите и коските како артритисот, како превентива против настинки и за смирување на кашлицата, за јакнење на имунитетот, ја подобрува циркулацијата и спречува згрутчување на крвта, делотворен лек е против мигрена и против грип.

Го подобрува помнењето, делува како афродизијак, ја намалува мачнината во бременоста без штетни последици и мачнината за време на патувањата. Има антисептично дејство и ги уништува микро организмите, се користи за исцрпеност и умор бидејќи го подига нивото на енергија во организмот. Ѓумбирот содржи материи кои го забрзуваат метаболизмот и помага во разградување на месото и млекото во организмот. Тој е силен антиоксиданс кој ја подобрува функцијата на црниот дроб и е одличен за детоксикација на организмот.

Чајот од ѓумбир е многу добар за проблеми со желудникот, додека етеричните масла што ги содржи се одлични за одвикнување од алкохол , го намалуваат стресот па се користат и за масажа. Ѓумбирот е делотворен и за намалување на холестеролот во крвта, а го зголемува и бројот на сперматозоиди.

Има антисептичко дејство па затоа се користи како додаток во топли напитоци за смирување на кашлица и за болки во грлото во текот на зимата.

Со еден збор само добро може да ви направи без да имате никакви штетни последици.

Дајте му шанса!